УКРАИНА ЈА НАПАДНА МОСКВА СО 650 ДРОНОВИ, ЗАПАЛЕНО ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА НАФТА

    УКРАИНА ЈА НАПАДНА МОСКВА СО 650 ДРОНОВИ, ЗАПАЛЕНО ГОЛЕМО СКЛАДИШТЕ ЗА НАФТАЗапалениот објект се наоѓа околу 40 километри од главниот град (Фото: Телеграм)

    Украина го нападна московскиот регион со околу 650 дронови ноќеска, соопштија руските власти.

    „Повеќето биле уништени од противвоздушната одбрана на голема дистанца, додека 105 дронови биле уништени додека се приближувале кон руската престолнина“, напиша градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм.

    Првично немаше официјални извештаи за штети и повредени, но „Киев индипендент“, повикувајќи се на очевидци, објави дека е запалено најголемото складиште за нафта во московскиот регион, кое се наоѓа околу 40 километри од главниот град.

    Според руските државни медиуми, ова бил најголемиот напад со беспилотни летала во регионот во последните две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира