ИРАН МОЖЕ ДА УНИШТИ ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ ГРАД, НЕКА БИДЕ ЛОС АНЏЕЛЕС ИЛИ САН ДИЕГО, КАЖА ТРАМП

    ИРАН МОЖЕ ДА УНИШТИ ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ ГРАД, НЕКА БИДЕ ЛОС АНЏЕЛЕС ИЛИ САН ДИЕГО, КАЖА ТРАМПТрамп тврдеше дека Иран работи на изградба на ракети што наскоро би можеле да стигнат до Америка (Фото: АП)

    Лидерите во Калифорнија го осудија Доналд Трамп како „несовесен“ и „пореметен“ откако тој кажа дека Иран би можел да го уништи Лос Анџелес или Сан Диего, два либерални града во оваа сојузна држава, која е честа цел на неговата администрација.

    На митингот во Небраска, Трамп им рече на поддржувачите дека се надева на огромна победа на меѓуизборите во ноември. Притоа посочи дека високите цени поради војната со Иран се „мала цена што треба да се плати за одржување на безбедноста во САД и во светот“.

    „Тие можат да уништат град. Нека го уништат Лос Анџелес. Нека го уништат Сан Диего. Ќе заврши многу брзо“, рече Трамп, на што толпата аплаудираше.

    Гувернерот и градоначалниците на градовите брзо ги осудија изјавите.

    „Откако ги испрати Националната гарда и маринците да ја окупираат Калифорнија, Доналд Трамп сега вели дека нашите странски непријатели треба да ги уништат Лос Анџелес и Сан Диего. Тој е пореметен и опасен. Да бидеме јасни: претседателот се залага за напад врз повеќе од 10 милиони жители на САД. Ова не е нормално. И ние ќе продолжиме да ги потсетуваме луѓето на тоа секој ден“, рече гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

    Карен Бас, градоначалничката на Лос Анџелес, кажа дека изјавите на Трамп се „неодговорни закани кои потенцијално би можеле да ја компромитираат безбедноста на вториот по големина град во Америка“.

    Тод Глорија, градоначалникот на Сан Диего, рече дека „неговиот град не е колатерална штета во војната на претседателот“. Сан Диего, осмиот по големина град во САД, е дом на критична воена инфраструктура.

    Во својот последен говор за состојбата на нацијата, Трамп тврдеше дека Иран работи на изградба на ракети што наскоро би можеле да стигнат до Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира