ТРАМП ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЛЕ ЕНЕРГЕТСКО ПРИМИРЈЕ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ЗНАЕ ЗА ТОА

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА ДОГОВОРИЛЕ ЕНЕРГЕТСКО ПРИМИРЈЕ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ЗНАЕ ЗА ТОАТрамп вршеше притисок врз Украина да престане со нападите врз руските нафтени постројки (Фото: социјални мрежи)

    Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина договориле „енергетски прекин на огнот“ во нивната војна. Toj не изнесе детали, освен што кажа дека одлуката стапува во сила веднаш.

    Володимир Зеленски изјави за американскиот сајт „Аксиос“ дека најавата на Трамп претставува новост за него.

    „Ги очекуваме деталите од американската страна. Но, доколку Русите се согласат на енергетски прекин на огнот, и Украина ќе се согласи“, рече тој.

    Еден висок функционер близок до Зеленски изјави за „Фајненшл тајмс“ дека „никој не слушнал за тоа“.

    Трамп вршеше притисок врз Украина да престане со нападите врз руските нафтени постројки, за кои Киев тврди дека се клучни за намалување на приходите за руската воена машинерија. Тој во петокот објави дека постигнал договор со Владимир Путин за извоз на милиони барели руски дизел на светските пазари.

    Зеленски, кој ги критикиваше САД за договорот со Путин, денеска изјави дека е подготвен да ги запре нападите доколку Русија престане да ја гаѓа украинската енергетска инфраструктура. Трамп претходно ја обвини Украина за растот на цените на дизелот поради нападите врз руските рафинерии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира