Историската католичка црква „Свети Винсент де Пол“ во Чикаго ќе се претвори во голема уметничка сцена со светлосни проекции, оркестарска музика и хорски изведби. Настанот „Селестиа“ ќе започне на 20 ноември и ќе трае до 31 јануари 2027.
Посетителите ќе гледаат светлосни проекции што ќе ги покриваат ѕидовите, сводовите и архитектонските детали на црквата, создавајќи впечаток дека целиот простор оживува. Специјалната технологија овозможува проекции од 360 степени, придружени со оркестарска музика и звучни ефекти.
Спектаклот е осмислен за да ја истакне романескната и готската архитектура на црквата, која датира од 19 век. За време на претставите во петок и сабота ќе настапува и хор во живо, со што музичкото доживување ќе биде дополнително збогатено.
„Нè привлекоа овие цркви поради нивната извонредна архитектура, историја и чувството на восхит што го предизвикуваат. Нивното духовно значење е исто така дел од она што ги прави посебни“, рече Курт Бејкер од продукциската компанија „Пакин ентертејнмент груп“, која стои зад проектот.
„Селестиа“ светската премиера ја имаше во септември во катедралата „Свети Јован“ во Денвер, а Чикаго е следната дестинација на овој необичен уметнички проект.
Цените на билетите почнуваат од 24 долари.



