Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува втор круг од вонредните избори за градоначалник. Излезноста до 9 часот е 3,98 проценти, односно своето право на глас го оствариле 646 граѓани. Според првиот пресек на податоците пристигнати во ДИК, одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 проценти во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври.
Првиот круг од изборите се одржа на 18 октомври, но ниту еден од шестемина кандидати не го доби потребното мнозинство. Излезноста изнесуваше 46,56%. Најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Во Избирачкиот список се запишани 16.256 избирачи, од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.
Победник на изборите ќе биде кандидатот кој добил поголем број гласови. Доколку и во вториот круг од кои било причини не биде избран градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.
Жителите во Општина Брвеница избираат градоначалник откако на 23 јуни 2026 на 58-годишна возраст почина тогашниот прв човек на Општината, Јовица Илиевски. Функцијата в. д. градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.



