ВО ИЗГОРЕНО ВОЗИЛО КАЈ БОГДАНЦИ НАЈДЕНА ГЛАМНОСАНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, А ВО БЛИЗИНА И ПОЧИНАТО 21-ГОДИШНО МОМЧЕ

    ВО ИЗГОРЕНО ВОЗИЛО КАЈ БОГДАНЦИ НАЈДЕНА ГЛАМНОСАНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА, А ВО БЛИЗИНА И ПОЧИНАТО 21-ГОДИШНО МОМЧЕПолицијата и Обвинителството се сомневаат на убиство и самоубиство (Фото:В.Трајков)

    На местото викано Ичева чешма кај Горно село во Богданци, на 3 ноември во 18.40 часот минувач забележал опожарено паркирано патничко моторно возило во чија близина има безживотно тело.

    Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“, кажа Обвинителството.

    Неофицијално, против момчето на 16 октомври имало  пријава за загрозување на сигурноста по која веднаш се постапувало, а во меѓувреме во граѓанска постапка му биле определени мерки за заштита од семејно насилство. Девојката живеела со него од 13 годишна возраст.

    Од МВР соопштија дека „полициски службеници од ПС ОН Гевгелија отидоа на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот“.

    За настанот веднаш бил известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. По насоките на Јавниот обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. МВР вели дека се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.

    „Јавниот обвинител од ОЈО Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор.

     

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира