Кафеаните во Скопје ќе може да го фрлаат ѓубрето до 1 часот по полноќ. Град Скопје донесе измени на Одлуката за времето на фрлање на ѓубре во контејнерите, со која на угостителите им се даваат три часа повеќе. Според одлуката донесена во ноември лани, граѓаните можат ѓубре да фрлаат од 6 до 22 часот, а за непочитување следи парична казна од 50 евра.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ЈП „Комунална хигиена“ веќе почнала да склучува договори со угостителите за добивање сопствени контејнери.
- КАФЕАНЏИИТЕ УШТЕ НЕМААТ ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ЧЕКААТ ДА ИМ КАЖАТ КОЛКАВА ГОЛЕМИНА ИМ ТРЕБА
-
ГРАД СКОПЈЕ ЗАБРАНИ ФРЛАЊЕ ОТПАД ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ ОД 22 ДО 6 ЧАСОТ, КАЗНАТА Е 50 ЕВРА
„Тим од ‘Комунална хигиена‘ работи на оваа проблематика. Угостителите за подигнување на ѓубрето ќе плаќаат според ценовникот на претпријатието. Со тоа ќе се реши проблемот со преполнување на контејнерите кои се намените за домаќинствата“, рече Ѓорѓиевски.
Кафулињата, кафеаните и маркетите во Скопје немаат сопствени контејнери. Тие со картони, остатоци од храна и ѓубре ги трупаат контејнерите поставени за домаќинствата. Контејнерите низ скопско Дебар Маало, каде што има голем број угостителски објекти, секој ден се преполни со ѓубре. Иста е сликата во сите скопски општини.
А. АНТЕВСКА



