ДИМЧЕ АРСОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ, Е НОВ ДИРЕКТОР НА МКЦ, БЕНИ ШАЌИРИ ЌЕ БИДЕ СОВЕТНИК НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

    ДИМЧЕ АРСОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ, Е НОВ ДИРЕКТОР НА МКЦ, БЕНИ ШАЌИРИ ЌЕ БИДЕ СОВЕТНИК НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИАрсовски и Шаќири денеска во МКЦ на примопредавање на функцијата. (Фото: Фејсбук профил на Шаќири)

    Димче Арсовски е нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), откако досегашниот Бени Шаќири поднесе оставка, објави Шаќири на Фејсбук. Тој беше назначен за директор во јануари 2024 од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

    Арсовски е поранeшен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2018 до 2021.

    „Поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од лични причини. На предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски, останувам дел од неговиот кабинет, на позицијата советник за култура, со што ќе се обидам, од еден поинаков аспект, да придонесам за унапредување и развој на културата во градот. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски, кому му посакувам да биде успешен и трпелив. Верувам дека како млад човек ќе даде максимум од себе, за да може да се справи со сите потешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години“, објави Шаќири.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира