ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО СЕ СЕРВИСИРА ПРВ ПАТ ОТКАКО Е ПУШТЕНА, СЕРВИСИРАЊЕТО ЌЕ ЧИНИ 850.000 ЕВРА

    ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО СЕ СЕРВИСИРА ПРВ ПАТ ОТКАКО Е ПУШТЕНА, СЕРВИСИРАЊЕТО ЌЕ ЧИНИ 850.000 ЕВРАКако што објави на својот фејсбук профил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се очекува сервисирањето да заврши во декември и жичницата после шест месеци пауза повторно да биде пуштена во употреба.(Фото:Град Скопје)

    ЈСП „Скопје“ почна со сервисирање на жичницата на Водно. Се врши темелна реконструкција на кабините, а моторот е пратен на репарирање.

    Според договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки сервисирањето го врши производителот, австриската фирма „Допелмаер“ и ќе чини околу 850.000 евра.

    Како што објави на својот фејсбук профил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се очекува сервисирањето да заврши во декември и жичницата после шест месеци пауза повторно да биде пуштена во употреба.

    Жичницата на Водно не работи од мај годинава. Тогаш градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кажа дека 15 години откако е пуштена не бил направен сервис од производителот „Допелмаер“ и затоа има сериозни оштетувања кои може да доведат до трагедија.

    Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше изградена во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011. Жичницата ја градеше австриската фирма „Допелмаер“ и чинише 6,7 милиони евра. Има 28 кабини со носивост од 640 килограми и капацитет за осум лица, како и две ВИП кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

     А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира