ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НАЈГОЛЕМА ДОСЕГА

    ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА, НАЈГОЛЕМА ДОСЕГАОд почетокот на војната, ЕУ има испратено повеќе од 235 милијарди евра буџетска и воена помош. (Фото: ДПА)

    Европската Унија одобри помош за Украина во износ од нешто помалку од осум милијарди евра, што е најголемата поединечна исплата досега.

    Од Брисел кажаа дека пакетот бил одобрен откако Киев спровел реформи во неколку области, вклучително и во правосудниот систем, борбата против корупцијата и енергетскиот сектор.

    „Средствата треба да придонесат за стабилноста, закрепнувањето и модернизацијата, да овозможат непречено функционирање на јавната администрација во Украина и да ги поддржат реформските напори на земјата“, се наведува во соопштението.

    Украина се соочува со сериозни финансиски тешкотии. Во октомври, Зеленски изјави дека на неговата земја ќе ѝ бидат потребни дополнителни 70 милијарди евра во 2027 година. Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022, ЕУ има испратено повеќе од 235 милијарди евра буџетска и воена помош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира