ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР СО КИНА И РУСИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, КАЖА ТРАМП

ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР СО КИНА И РУСИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, КАЖА ТРАМПГлавен приоритет за Трамп на самитот беше да започне тристрани разговори за контрола на нуклеарното оружје (Фото: АП)

Доналд Трамп изјави по разговорите со Шји Џинпинг и Владимир Путин дека ќе биде тешко да се постигне заеднички договор за ограничување на нуклеарното оружје, но дека ќе продолжи да работи на тоа.

„Ми се допаѓа концептот, но во однос на самите преговори, тоа е многу тешка работа за мене како претседател“, рече Трамп.

Главен приоритет за Трамп на самитот беше да започне тристрани разговори за контрола на нуклеарното оружје, што не ѝ одговара на Кина бидејќи сака да го зголеми својот нуклеарен арсенал за да ја достигне руската и американската доминација.

Билтенот на атомските научници процени дека Кина имала околу 410 нуклеарни боеви глави во 2023, во споредба со 3.708 во САД, додека Русија имала 5.420 во март 2026. Кина брзо го проширува својот арсенал и Пентагон процени дека ќе има повеќе од 1.000 оперативни боеви глави до 2030 година.

„Шји се согласува со мене во врска со концептот за ограничување на нуклеарното оружје, но во исто време е многу тешко да се каже ‘имаме 4.000 нуклеарни оружја, ќе се откажеме од половина‘. Тешко е да се направи тоа“, кажа Трамп.

Во заедничката изјава по разговорите се вели дека лидерите се согласиле дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води и дека ќе разговараат за намалување на нуклеарните ризици и за спречување на ширењето на нуклеарно оружје.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира