СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ПРОТЕРА АМБАСАДОРОТ НА ШВАЈЦАРИЈА ПОРАДИ СПОР ОКОЛУ ДЕТСКИ КАМП

СЕВЕРНА КОРЕЈА ГО ПРОТЕРА АМБАСАДОРОТ НА ШВАЈЦАРИЈА ПОРАДИ СПОР ОКОЛУ ДЕТСКИ КАМППред помалку од еден месец швајцарскиот министер за надворешни работи Ињацио Касис повторно ја отвори дипломатската канцеларија во Пјонгјанг (Фото: Икс)

Северна Кореја го протера шефот на швајцарската дипломатска канцеларија во Пјонгјанг и му нареди да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти министерството за надворешни работи. Ова се случува помалку од еден месец откако Швајцарија повторно ја отвори канцеларијата.

Министерството наведе дека овој потег е одговор на одлуката на Швајцарија да воведе санкции за меѓународниот детски камп „Сонгдовон“ во Северна Кореја, оценувајќи го тоа како отворено непријателски чин.

„Министерството за надворешни работи на Демократска Народна Република Кореја го прогласи шефот на швајцарската дипломатска канцеларија за непожелна личност и побара од него да ја напушти земјата во рок од 48 часа. Ние никогаш не можеме да поздравиме каков било чин со кој се прекршуваат суверените права на ДНРК и интересите на нејзините граѓани“, се наведува во соопштението.

Северна Кореја вчера ја осуди Швајцарија поради вклучувањето на кампот во нејзината листа на санкции, што беше поттикнато од западните обвинувања дека кампот учествувал во преместувањето на деца од деловите на Украина окупирани од Русија.

„Санкциите го нарушуваат суверенитетот на Северна Кореја, бидејќи го оневозможуваат исполнувањето на нејзината обврска да им обезбеди на децата можности за културни активности и рекреација“, изјави Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира