Вработени во ЈСП „Скопје“ се фатени како крадат нафта од автобусите во гаражата на претпријатието во Ѓорче Петров. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил објави фотографии на кои се гледаат десетина пластични шишиња во кои вработените полнеле нафта од автобусите.
„Внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата. Очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот“, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.
Вработените, како што најави градоначалникот, ќе бидат отстранети од работа.



