НЕ ГО ДАВАМ МАНДАТОТ И ДА СЕ ИЗБЕРЕ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЛИ ИВАНОВ

    НЕ ГО ДАВАМ МАНДАТОТ И ДА СЕ ИЗБЕРЕ СОБРАНИСКИ СПИКЕР, ВЕЛИ ИВАНОВЛидерот на СДСМ Зоран Заев на 27 февруари му го предаде ковертот со 67 потписи од пратеници на претседателот Ѓорге Иванов по што тој одби да му даде мандат за состав на Влада и кризата ескалираше. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Ѓорге Иванов најави дека и да се избере претседател на Собранието и СДСМ да постигне договор за коалиција со албанските партии, тој повторно ќе остане на ставот да не го додели мандатот.

    „Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини“, кажа Иванов во денешното интервју за „Винер Цајтунг“.

    Во интервјуто за австрискиот весник, тој тврди и дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договориле коалиција по изборите на 11 декември, но вели дека во последен момент имало телефонски повик и коалицијата се распаднала, без да прецизира кој бил јавувачот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира