МАДРИД ГО СЛАВИ РОНАЛДО, АНЧЕЛОТИ БАРА ВОВЕДУВАЊЕ ВИДЕО СУДИИ

    МАДРИД ГО СЛАВИ РОНАЛДО, АНЧЕЛОТИ БАРА ВОВЕДУВАЊЕ ВИДЕО СУДИИКристијано Роналдо постигна вкупно пет гола против Баерн Минхен во четврт-финалето. (Фото: ДПА)

    Навивачите на Реал Мадрид се радуваа на уште една неверојатна вечер во Лигата на шампиони на нивниот најдобар голгетер на сите времиња Кристијано Роналдо. Португалскиот фудбалер со хет-трик ги однесе во седмото полуфинале по ред по синоќешната победа од 4:2 над Баерн, а шпанскиот весник „Дијарио АС“ ја сумираше атмосферата во Мадрид на насловната страна со зборовите: „Кристијано го демолираше Баерн“.

    Кога го прашаа за свирежите за време на првото полувреме кои го поттикнаа да го постигне неочекуваниот гол со што ги стиша критичарите, Кристијано изјави: „Не сакам улица со мое име, само сакам да не ми свиркаат на мојот сопствен стадион. Јас секогаш го давам максимумот од себеси на теренот.“

    Кога го прашаа, пак, за тоа дали Мадрид е на пат кон 12. титула во Лигата на шампиони, тој рече: „Се уште има работа, но се надеваме на тоа.“

    Со хет-трикот, Роналдо заокружи 100 гола во Лигата на шампиони. Тој даде вкупно пет гола на четврт-финалето против Баерн Минхен, во кое Реал Мадрид победи со вкупни 6:3 по продолженијата на „Сантјаго Бернабеу“, по победата од 2:1 на првиот меч во Минхен.

    Никој не го познава вистинскиот потенцијал на Роналдо, повеќе од тренерот на Баерн Минхен Карло Анчелоти, кој еднаш рече дека да имаш Португалци во тимот е како да имаш машинерија за голови. Но, тој претпочита да се фокусира на официјалните лица на натпреварот, кои помогнаа Баерн да биде елиминиран, дозволувајќи два офсајд гола на Реал и црвен картон за Артуро Видал, за нешто што не беше ни фаул.

    Анчелоти вели дека се потребни на видео судии, изјавувајќи: „Треба да постои поквалитетно судење на ваков тип натпревари или да се постави видео судија, поради тоа што има многу грешки. Можеби Видал требаше да се смири, но вториот жолт картон беше грешка на судијата.“

    Баерн, исто така, искористи една грешка, затоа што нивниот втор гол беше офсајд, нешто што Анчелоти го занемари.

    „Не велам дека би го смениле судијата, но факт е дека тој не судеше доволно добро. Натпреварот би бил сосема друг со видео снимките. Има многу аспекти кои се извор на дилеми, но тука нема дилем. Видал ја допре топката, го видов“, кажа италијанскиот тренер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира