Новинарите и пратениците заглавени во прес-центарот на Собрането се физички нападнати од демонстрантите на „За заедничка Македонија“, кои се маскирани со качулки и фантомки.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е со раскрвавена глава, а повредени се и други пратеници, како и новинари, најмногу од тврди предмети со кои ги гаѓаат. Полицијата нема во прес-центарот, само собраниско обезбедување.