Претседателот Ѓорге Иванов ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба во неговиот кабинет утре во неговото обраќање вечерва по упадот на демонстранти во Собранието. Двајца од лидерите на парламентарните партии, Зоран Заев од СДСМ и Зијадин Села од АА вечерва беа повредени, откако беа физички нападнати од демонстрантите.
„Ги повикувам лидерите на парламентарните партии утре да дојдат во мојот кабинет на лидерска средба за да ја разгледаме новонастаната состојба. На лидерската средба да ги разгледаме сите опции за смирување и наоѓање излез од новонастаната состојба“, кажа Иванов од неговиот кабинет.