Пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски објави ново видео од нападот во Собранието, на кое се гледа и министерката за култура и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска како се поздравува и прегрнува со насилниците во пленарната сала, а еден од нив ѝ бацува рака.
Многумина од демонстрантите, како и од организаторите на „За заедничка Македонија“, кои упаднаа во Собранието во четвртокот се културни работници, вработени или хонорарци во институции под надлежност на Министерството за култура. Актерите Владо Јовановски и Васил Зафирчев, управникот на МОБ Игор Дурловски и националниот уметник Елена Мисиркова се дел од нив.