ПРИВЕДЕНИ ПЕТМИНА ЗА ТЕПАЊЕТО И КРШЕЊЕТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ЕДЕН Е ВРАБОТЕН ВО УБК

    ПРИВЕДЕНИ ПЕТМИНА ЗА ТЕПАЊЕТО И КРШЕЊЕТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ЕДЕН Е ВРАБОТЕН ВО УБКМВР сè уште трага по останатите 10 лица кои се на листата на Обвинителството. - Од нападот во Собранието во четвртокот.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи досега привело пет од вкупно 15 лица, учесници во крвавите настани во Собранието во четвртокот, за кои Скопското обвинителство соопшти дека побарало асистенција од полицијата да ги најде и да ги уапси. Претпладнево, Бирото за јавна безбедност што е под команда на Митко Чавков официјално нè информираше дека нема приведени.

    МВР, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори, сè уште трага по останатите 10 лица кои се на листата на Обвинителството.
    Информација за тоа како тече апсењето и дали почнале сослушувањата пред судија на претходна постапка, од Обвинителството сè уште нема.

    „Информација за апсење на лица за кои постои сомневање дека биле поврзани со настаните во Собранието во четвртокот доцна навечер, ќе има кога ќе се создадат услови за тоа“, одговори обвинителството за САКАМДАКАЖАМ.МК .

    ОЈО Скопје синоќа даде наредба да се приведат 15-мина учесници во нападот на Собранието и МВР постапува по тоа барање.
    Од обвинителството на Марко Зврлевски велат дека штом ќе бидат најдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре изнесени пред пред судија на претходна постапка и, најверојатно, ќе се бара притвор.

    Претходно,  МВР побара од Скопското обвинителство одредување притвор или одземање на патните исправи на четири лица, за кои од МВР велат дека се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на нападот во Собранието во четвртокот, потврдија извори од полицијата.
    Станува збор за водачите на „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски, за кои МВР бара од ОЈО под итно да бидат повикани на сослушување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира