Чешката фудбалска федерација соопшти дека во рација на полицијата е притворен претседателот Мирослав Пелта. Портпаролот на Федерацијата Михал Јурман изјави дека „можеме да потврдиме оти претседателот на Федерацијата Мирослав Пелта е притворен”.
Тој рече дека фудбалските функционери соработувале со полицијата, но не даде детали во врска со тековната истрага.
Полицијата изврши рација и во канцелариите на фудбалскиот клуб Јаблонец, провинциски клуб од првата лига делумно во сопственост на Пелта. Портпаролот на клубот Степан Ханус ја потврди рацијата, но не даде повеќе детали.
Полицијата нема коментар.