Фановите на „Ѕвездени патеки“ сега можат да ги искористат омилените ликови од Ѕвездената флота да испратат пошта, благодарение на новата колекција од седум поштенски марки издадени од Канадската пошта.

Колекцијата поштенски марки ги содржи капетаните од петте серии „Ѕвездени патеки“ , како и дел од негативците. (Фото: Ројтерс)
Марките, продолжение на колекцијата издадена минатата година по повод 50-годишнината од оригиналната телевизиска серија, ги вклучуваат капетаните од секоја од петте серии „Ѕвездени патеки“. На марките се претставени и дел од негативците во серијата.
Шестата марка е со шатлот „Галиео“, кој првпат се појави во оригиналната серија во 1966 година. Седмата е со Борг коцка и со ликот Седум од девет.