ЛЕКАРКА НАЈДЕНА МРТВА СО УБОДНА РАНА  НА ВРАТОТ ВО БЛИЗИНА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

    ЛЕКАРКА НАЈДЕНА МРТВА СО УБОДНА РАНА  НА ВРАТОТ ВО БЛИЗИНА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАРДворот на Клинички центар „Мајка Тереза“. (Архивска фотографија)

    Синоќа околу 21 часот, граѓанин пријавил во полиција дека во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје нашол жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот. Итната медицинска помош констатирала смрт кога пристигнала, а МВР ја идентификуваше жртвата како Ј.М.С. (53) од Скопје.

    Дознаваме дека станува збор за лекарка и професорка на Медицинскиот факултет.

    Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира