Иницијативата за референдум против рудници со собирање потписи помина во општина Валандово .
Доцна синоќа Советот на општината со 8 гласа ЗА, донесе одлука граѓанската инцијатива „ Спас за Валандово“ да ги собере потребните 2000 потписи за да може локалната самоуправа да распише референдумско изјаснување на жителите за отварање на рударскиот комплекс Казандол. Одлуката е донесена по двочасовна расправа, откако претседателката на Советот Јасмина Сечкова под изговор дека иницијативата е „,неуредна“, не сакаше да се расправа за иницијативата поткрепена со 260 потписи прифатена и од ДИК.
На референдум за или против рудници ќе излезат и граѓаните на општина Дорјан. Советот на ова општина на вонредна седница едногласно ја прифати иницијативата, жителите на ова туристичко место и околните села, сами да одлучат дали се за отварање на рудниците Казандол и Башибоз. Референдумот во Дојран ќе биде на 18 јуни
Во Валанодово додека траеше расправата, иницијаторите за референдум се собраа пред просториите и со транспаренти бараа да се слушне гласот на граѓаните. „Наша обврска е да ги искористиме сите правни механизми за да се слушне гласот на граѓаните кога станува збор за крупни прашања. Валандово е чист регион и не му се потребни рударски комплекси.Во сите општини Советите донесоа одлука а овде мора да го одиме подолгиот пат. Но убедена сум дека ќе успееме да им овозможиме на граѓаните сами да одлучат по пат на гласање“, изјави Симона Ѓетова од граѓанската иницијатва.
Согласно законската регулатива во рок од еден месец, предлагачите за референдум во случајот „Спас за Валандово“ се должни да соберат потписи од минимум 20 отсто од граѓаните на општината што се полнолетни или минимум 2000 жители треба да дадат потпис во подрачната единица на ДИК во Валандово.
Иницијаторите потврдија дека идната недела ќе почне постапката за собирање на потребните потписи со цел колку што може побрзо да се соберат и локалната самоуправа да распише референдумско изјаснување на граѓаните.
На референдум за или против рудници ќе излезат и граѓаните на општина Дорјан. Советот на ова општина на вонредна седница едногласно ја прифати иницијативата, жителите на ова туристичко место и околните села, сами да одлучат дали се за отварање на рудниците Казандол и Башибоз. Референдумот во Дојран ќе биде на 18 јуни.
Пред десетина дена референдумско изјаснување за отварање рудници во овој дел на државата донесоа и советниците на општина Богданци кои на 11 јуни ќе одлучуваат по две прашања. Дали се за или против отварање рудници во ова општина и дали треба да се стопира изградбата на рудникот Казандол
В. ТРАЈКОВ