ТРАМП Ѝ ОТКРИЛ СТРОГИ ТАЈНИ НА РУСИЈА 

    ТРАМП Ѝ ОТКРИЛ СТРОГИ ТАЈНИ НА РУСИЈА Еден ден по отпуштањето на директорот на ФБИ Џејмс Б. Коми, Трамп им беше домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор Сергеј Кислјак - клучна фигура во претходните контроверзии со Русија - во Овалната соба и почнал да опишува детали за терористичка закана од Исламска држава во врска со користењето лаптоп компјутери во авиони (Фото: АП)

    Претседателот на САД Доналд Трамп им открил висококласифицирани информации на рускиот министер за надворешни работи и на рускиот амбасадор на средбата во Белата куќа минатата недела, според сегашни и поранешни американски функционери, кои велат дека со разоткривањата на Трамп е загрозен клучен извор на разузнавачки информации за Исламска држава. Информациите што ги пренел Трамп биле обезбедени од партнер на САД преку аранжман за размена на разузнавачки информации што се смета за толку чувствителен, што деталите се криеле од сојузниците и биле многу ограничени дури и во рамките на владата на САД, велат официјални лица. Партнерот не им дал дозвола на САД за споделување на материјалот со Русија, а официјални лица изјавија дека одлуката на Трамп да го стори тоа ја ризикува соработката со сојузник кој има пристап до внатрешните работи на Исламска држава.

    По состанокот на Трамп, високи претставници на Белата куќа презедоа чекори за да се спречи штетата, и се јавија во ЦИА и во  Агенцијата за национална безбедност.

    „Ова е шифрирана информација”, изјави официјален претставник на САД запознаен со делото, кој користеше терминологија на едно од највисоките нивоа на класифицираност што се користи од американските разузнавачки агенции. Трамп “му откри повеќе информации на рускиот амбасадор отколку што споделивме со нашите сојузници”.

    Откритието доаѓа откако Трамп се соочува со зголемување на правен и политички притисок врз повеќе фронтови поврзани со Русија. Минатата недела тој го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Б. Коми во екот на истрагата на Бирото за врските меѓу кампањата на Трамп и Москва.

    Еден ден по отпуштањето на Коми, Трамп им беше домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор Сергеј  Кислјак – клучна фигура во претходните контроверзии со Русија – во Овалната соба. На состанокот, велат властите, Трамп излегол од сценариото и почнал да опишува детали за терористичка закана од Исламска држава во врска со користењето лаптоп компјутери во авиони.

    ЦИА одби да коментира, Националната агенција за безбедност не одговори на барањата за коментар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира