Почина актерот сер Роџер Мур, најпознат по улогата на Џејмс Бонд. Имаше 89 години.
Мур го играше славниот шпион во 7 Бонд филмови, меѓу кои и „Живеј и остави ги да умрат“ и „Шпионот којшто ме сакаше“. Освен по филмовите и ТВ сериите беше познат и по неговата работа како амбасадор на УНИЦЕФ, што ја сметаше за свој најголем успех.
Семејството на Мур ја потврди веста на Твитер и рече дека тој починал „по куса но храбра битка со ракот“.
Мур почина во Швајцарија, а според неговата желба ќе биде погребан во Монако.