АРИЈАНА ГРАНДЕ НАЈАВИ ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ ВО МАНЧЕСТЕР ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ

    АРИЈАНА ГРАНДЕ НАЈАВИ ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ ВО МАНЧЕСТЕР ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ПОНЕДЕЛНИКОТПостер на Аријана Гранде е оставен помеѓу цвеќињата и свеќите што се оставаат на плоштадот во Манчестер во чест на жртвите на терористичкиот напад од понеделникот (Фото: АП)

    Аријана Гранде вети дека ќе се врати во Манчестер по терористичкиот напад од понеделникот за да помине време со нејзините фанови и да одржи добротворен концерт во чест на жртвите и нивните фамилии.

    Гранде ја објави нејзината намера во охрабрувачко писмо постирано на интернет повикувајќи ги нејзините фанови да соберат храброст по монструозниот напад, со изрази на длабоки чувства на тага за тие што ги загубиле животите и за фамилиите кои жалат за нивните најблиски.

    „Не сакам да ја поминам оваа година без да можам да ги видам, да ги држам и да охрабрам своите фанови на истиот начин како што тие ме поддржуваат мене“, напиша американската тинејџерска поп ѕвезда.

    Дваесет и двајца, вклучувајќи и деца загинаа во понеделникот кога бомбаш самоубиец се разнесе пред концертната сала откако Ариjана го заврши концертот во Манчестер во понеделникот вечер. Уште дваесетина завршија со критични повреди во болница.

    Таа не прецизираше кога ќе се врати во Манчестер за добротворниот концерт, но објави дека наскоро ќе ги објави сите информации.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира