ЗВРЛЕВСКИ ПРИЗНА ДЕКА НА 27 АПРИЛ ИМАЛО ОРГАНИЗИРАН НАПАД ВО СОБРАНИЕТО

    ЗВРЛЕВСКИ ПРИЗНА ДЕКА НА 27 АПРИЛ ИМАЛО ОРГАНИЗИРАН НАПАД ВО СОБРАНИЕТОМандатарот Зоран Заев претрпе повреди на главата за време на организираниот напад во Собранието на 27 април. - Од евакуацијата на пратениците

    По разгледувањето на доказите, Основното јавно обвинителство утврдило дека на 27 април во Собранието неколку осомничени дејствувале организирано внатре и надвор од собраниската зграда, соопшти утринава Обвинителството на Марко Зврлевски. Во соопштението се вели дека се направени поголем број кривични дела, а не само учество во толпа, за што досега, по брза постапка, на условни казни беа осудени деветмина од учесници во нападот на 27 април.

    „По разгледување на доказниот материјал, обвинителството утврди дека постои содејство на неколку осомничени во целокупните збиднувања во објектот на Собранието во надворешниот појас и во внатрешноста на објектот во целина. Станува збор за сплет на инкриминирани дејствија кои што значат остварување на законски битија на поголем број кривични дела кои не можат да се припишат само како деликт на масата, ниту пак на од таму произлезени конкретни кривични дела на сторители“, велат од ОЈО.

    Основното јавно обвинителство соопшти и дека ги предава списите од предметот до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое го презема натамошното постапување, „бидејќи дел од преземените дејствија од страна на лица инволвирани во настанот се во месна и стварна надлежност на ова обвинителство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира