ЗАЕВ ПРВИН ЌЕ ОДИ КАЈ ХАН, ПА КАЈ БОРИСОВ

    ЗАЕВ ПРВИН ЌЕ ОДИ КАЈ ХАН, ПА КАЈ БОРИСОВЗаев ќе оди во Брисел придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. - Зоран Заев на првата владина седница (Фото: СДК.МК)

    Зоран Заев најави дека првата посета во странство како премиер ќе ја реализира следниот понеделник во седиштето на ЕУ во Брисел и ќе се сретне со еврокомесарот Јоханес Хан на разговори околу реформските приоритети на Владата и спроведувањето на извештајот на Прибе како и извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. Тој ќе оди во Брисел придружуван од заменик премиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и повеќе советници.

    Заев, кој попладнево беше во посета на селото Порој на местото каде поројска река создаде големи наноси и го блокира патот кон Јажинце, очекува средби и со други високи претставници на ЕУ – Јункер, Туск, Могерини за, како што рече, да ги сублимираат очекувањата на ЕУ и работите што ќе се спроведат во Македонија да бидат прецизни, точни и навремени и согласно очекувањата, прво на граѓаните, а потоа и на ЕУ.

    Веднаш по оваа прва посета надвор од Македонија , Заев кажа дека очекува дека да ја посети и Софија и премиерот Бојко Борисов, бидејќи како што рече Заев Бугарија од први јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ и е целосно подготвена да и помогне на Македонија во интегративните процеси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира