ТАРАВАРИ ИМ ВЕТИ НА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ИНСУЛИНСКА КРИЗА

    ТАРАВАРИ ИМ ВЕТИ НА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ИНСУЛИНСКА КРИЗАСојузот на здруженија на дијабетичари побарал од Министерството за здравство да се зголемат залихите на инсулин и да се обезбедат соодветни инсулински игли за децата. - Министерот за здравство Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Редовна и навремена дистрибуција на инсулин во инсулинските аптеки, зголемување на залихите на инсулин и набавка на игли за деца, се трите работи што на средбата ги договориле министерот за здравство Арбен Таравари и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

    „На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со дијабетес. Заеедно се согласивме дека има потреба од континуирано и редовно обезбедување на потребните количини инсулин во инсулинските аптеки низ државата, за да може пациентите навреме да ја примат потребната терапија“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

    Сојузот на здруженија на дијабетичари побарал да се зголемат залихите на инсулин и да се обезбедат соодветни инсулински игли за децата.
    „Министерот вети дека навреме ќе се набавува и дистрибуира терапијата, за да нема недостиг од одредени инсулини по десетина дена во месецот, како што се случуваше последните неколку години“, вели Бојан Киров, претседател на Сојузот на здруженија за дијабетичари.

    Од Министерството за здравство велат дека им стојат на располагање на пациентите ако имаат дилема околу квалитетот и безбедноста на инсулините.
    „Беше договорено да имаме редовни средби, а Министерството стои на располагање за сугестиите на пациентите, и во рамки на можностите да обезбеди подобра здравствена заштита“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира