Рафаел Надал призна дека никогаш не бил добар со бројки за време на на Ролан Гарос, каде што денеска ја освои рекордната 10. титула.
„Математика беше единствениот предмет што го паднав во последната година кога имав можност да одам на училиште“, кажа Надал со насмевка на лицето.
Шпанскиот тенисер го победи Стан Вавринка со 6:2, 6:3, 6:1 во финалето на Отвореното првенство на Франција за јубилејниот 10. трофеј на гренд слемот, повеќе од кој било друг тенисер или тенисерка во речиси половина век, колку што трае професионалната ера. Истовремено, Надал го надмина Пит Сампрас и сега има 15 гренд слема на второто место на вечната листа зад Роџер Федерер, кој има 18.
По победата над Тим во полуфиналето, Надал беше прашан дали освојувањето на 10. титула во Париз ќе му биде најголемо постигнување во кариерата, а 31-годишниот Шпанец одговори: „Девет или десет, тоа е само 10 отсто повеќе“.
Надал сега има 79 победи и само два порази на Ролан Гарос, а двата загубени меча му се од Робин Содерлинг во 2009 и Новак Ѓоковиќ во 2015.