Десетици илјади демонстранти денеска излегоа на улиците низ Русија на антикорупциски протести против долгогодишниот лидер Владимир Путин на националниот празник Ден на Русија. Стотици беа уапсени, вклучувајќи го лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој беше организатор на протестите и беше приведен во неговиот дом во Москва пред да може да им се приклучи на демонстрантите во центарот на градот.
Протестот во Москва беше наголем од серијата протести во над 100 града во сите 11 часовни зони на Русија, од Пацификот до Калининград.
Над 200 луѓе беа уапсени во Москва, според полициските проценки објавени од државните медиуми. Според независните медиуми, речиси илјада демонстранти биле уапсени во Москва и Санкт Петерзбург, вториот по големина град во Русија.