ЗГАСНА И ДНЕВНИК

    ЗГАСНА И ДНЕВНИКОд протестот на новинарите на Вест во јуни 2015 година, кога не добија поддршка од колегите од Дневник. (Фото: СДК.МК)

    Месец и половина откако ги затворија дневните весници „Вест“ и „Утрински весник’, од утре нема да се печати и „Дневник“. Оваа одлуката денеска на вработените им ја соопштил Александар Динев, сопственикот на новата фирма „Медиа принт“ која од мај месец наваму го издаваше „Дневник“.

    Покрај тоа што се затвора првиот приватен весник во Македонија – „Дневник“, од утре се укинуваат и порталите „Вест“, „Утрински весник“ и „Телеграф“. Со оваа одлука на менаџментот околу стотина луѓе од компанијата „МПМ“ остануваат без работа.

    „Дневник“ почна да излегува на 20 март 1996 година. Весниците „Вест“ и „Утрински весник“ престанаа да се печатат на 1 мај. Стотина медиумски вработени тогаш останаа без работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира