МАКРАДУЛИ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА КАКО ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    МАКРАДУЛИ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА КАКО ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНАЈани Макрадули, кој до 2014 година беше пратеник и потпретседател на Собранието заедно со Замир Мехмети, граѓански активист од Шарената револуција за време на протестите минатата пролет (Фото: Фејсбук)

    Јани Макрадули, поранешниот потпретседател на Собранието се враќа во политиката како заменик министер за животна средина, техничкиот министер за внатрешни работи кој ја покрена постапката за одговорност на директорот за јавна бебедност Митко Чавков, Агим Нухиу, останува во МВР, ама како заменик министер. Кире Наумов, министерот за финансии во Владата за спроведување избори се сели во Министерството за економија, а Владимир Лазовски глумецот од Театарот за деца и младинци ќе биде заменик министер за култура.

    Кире Наумов беше дополнителен заменик министер за финансии во Владата за спроведување избори

    Техничкиот министер за внатрешни работи кој ја покрена постапката за одговорност на директорот за јавна бебедност Митко Чавков за нападот на Собранието на 27 април, останува во МВР, ама како заменик министер – Агим Нухиу (фото: Ѓ. Личовски)

     

     

     

     

     

     

     

     

     

    Претседателот на Владата Зоран Заев ноќеска околу 1 часот по полноќ до претседателот на Собранието Талат Џафери го испрати списокот имиња со предлог за заменици министри усогласен помеѓу коалициските партнери СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците.

    Предложени кандидати за заменици министри се:

    Беким Максути заменик министер за одбрана

    Агим Нухиу заменик министер на МВР

    Оливер Ристовски заменик министер за правда

    Арта Точи заменик министер на МНР

    Ширете Елези заменик министер за финансии

    Кире Наумов заменик министер за економија

    Власте Димковиќ заменик министер за земјоделство

    Владимир Лазовски заменик министер за култура

    Гоце Чакаровски заменик министер за здравство

    Јани Макрадули заменик министер за животна средина

    Висар Гани заменик министер за образование

    Елми Азири заменик министер за труд и социјална политика

    Дејан Павлески заменик министер за локална самоуправа

    Ремзи Мехмеди заменик министер за транспорт и врски

    Александар Бајдевски заменик министер за информатичко општество и администрација

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира