Шест жртви се потврдени во пожарот што ноќеска избувна во облакодер во западен Лондон, а полицијата очекува бројот на загинати да расте. Шефот на полицијата изјави дека очекува бројот на загинати да биде поголем, а спасувачката акција ќе трае повеќе денови, и дека е премногу рано да се каже што го предизвика пожарот.
Очевидци велат дека луѓето заробени во запалената зграда „Гренфел тауер“ во северен Кенсингтон врескале барајќи помош и повикувале да им се спасат децата. Пожарникариоте спасиле голем број луѓе, но градоначалникот на Лондон Садик Кан вели дека на голем број не им се знае трагата.
Зградата од 24 ката се уште гори и има ризик да падне. Над 50 луѓе се задржани во болница.