СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ЈА ПРЕТСТАВИ ПРОГРАМАТА МЛАДИ АТЛЕТИ

    СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ЈА ПРЕТСТАВИ ПРОГРАМАТА МЛАДИ АТЛЕТИ„Млади атлети“ ги претстави стекнатите искуства на групите деца со и без интелектуална попреченост од Скопје и Тетово, каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци

    „Специјална Олимпијада Македонија“денес ја претстави програмата „Млади атлети“ и придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово, каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.

    „Млади Атлети“ е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава

    „Општеството кое не ги согледува можностите на лицата со попреченост, само ги создава пречките и ги стимулира предрасудите. Токму затоа, неопходно е да се отвориме кон овие лица и да ги охрабриме да се вклучат во сите сфери на живеење, а спортот е една од можностите кои ние ги нудиме. Инклузијата почнува од најмалите години.  ‘Младите атлети’ се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија “, вели Ана Петровска, Национален директор на „Специјална олимпијада Македонија“.

    „Млади Атлети“ е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава.  „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел  да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.

    Програмата „Млади атлети“ е дел од  еднодневната конференција „Спортуваме заедно за среќно детство“, што се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира