Еден загина а повеќемина се повредени откако комбе налета на група луѓе во близина на џамија во Лондон.
Властите се сомневаат на терористички напад. Антитерористичката полиција го истражува инцидентот во Финсбери парк. Осумммина се пренесени во болница.
Возачот бил фатен и задржан од луѓето кои се затекнале на местото на несреќата, а потоа бил предаден на полицијата. Тој бил однесен во болница на преглед, а потоа ќе биде задржан од полицијата, соопштија властите.
Сведоци раскажуваат дека неколку минути по полноќ, 48 – годишниот возач го свртел комбето кон групата верници што ја напуштале џамијата и прегазил десетина луѓе.