Шпанското обвинителство соопшти дека отворило случај против тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо за даночна измама во 2011 и 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид.
Мурињо, кој е Португалец, им должи на шпанските даночни власти 3,3 милиони евра, велат од шпанското обвинителство, додавајќи дека случајот бил доставен до суд во Мадрид.
Во меѓувреме, од обвинителството потврдија дека фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на 31 јули ќе сведочи во случајот против него, во кој што е обвинет дека затајувал данок.
Лионел Меси од Барселона претходно беше осуден на условна затворска казна поради затајување данок.