„Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов на Македонскиот народен театар (МНТ) е најдобра претстава, а Николина Кујача и Никола Ристановски се најдобри актери на фестивалот „Денови на сатира“ во Загреб.
МНТ освои Гран-при и е апсолутен победник на 41. издание на фестивалот во конкуренција на 15 претстави од Италија, Германија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија. Ристановски ја освои наградата за најдобра машка, а Кујача за најдобра женска улога.