СТАДИОНОТ НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА МАНЧЕСТЕР-РЕАЛ, ЗА ТРИ ДЕНА ТРЕБА ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

    СТАДИОНОТ НЕ Е ПОДГОТВЕН ЗА МАНЧЕСТЕР-РЕАЛ, ЗА ТРИ ДЕНА ТРЕБА ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТАУЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите на стадионот „Филип Втори“ за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница констатираше дека стадионот „Филип Втори“ не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА за одржување на Суперкупот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид  на 8 август во Скопје.

    „На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА“, соопшти вечерва Владата.

    Од Владата велат дека го задолжиле Генералниот секретаријат, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Суперкупот. Според најавите, УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира