ПО ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ЧИСТИ ПОРТА МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО ПРОТЕСТИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ЧИСТИ ПОРТА МАКЕДОНИЈА

    Работници ја чистат фасадата на Триумфалната капија во Скопје по вчерашните протести. Синоќа демонстрантите ја гаѓаа со јајца и боја Триумфалната порта Македонија, и врз еден од рефлјефите беше испишан графит „Грабеж“ затоа што полицијата не им дозволуваше да им се приближат ниту на Собранието ниту на Владата. Околу 10.000 луѓе беа заробени на потегот околу Камениот мост и Плоштад Македонија. Тоа го зголеми револтот помеѓу граѓаните.

    porta grabez

    Графитот Грабеж беше испишан на Триумфалната порта откако демонстрантите ја гаѓаа со јајца и со боја (аматерска фотографија)

    Вчера протестите поминаа мирно. Имаше и обиди за ситни провокации за судир со полицијата, кои ги смири лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кој рече дека лично ќе ги предаде на полицијата сите оние кои на било кој начин ќе нападнат полицаец, јавија репортерите на СДК.МК.

    За денеска во 18 часот пред седиштето на СЈО во Скопје повторно е закажан протест на граѓаните што се противат на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари и против изборите закажани за 5 јуни. Масовните протести, што се одвиваа изминативе три дена, ги организира граѓанската иницијатива Протестирам / Нема правда – нема мир, со барања Иванов да ја повлече аболицијата, да нема избори на 5 јуни и веднаш да се формира техничка влада која ќе подготви фер и веродостоји избори.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира