ИНЦИДЕНТ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА, ПОВТОРНО ОБОЕНА СО РАЗНИ БОИ

    ИНЦИДЕНТ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА, ПОВТОРНО ОБОЕНА СО РАЗНИ БОИ

    Инцидент се случи кај Порта Македонија која вечерва пак е обоена со боја што ја фрлаат демонстрантите, јавуваат репортерите на СДК.МК. Тие бараат оставка на Иванов и експертска влада што ќе организира веродостојни избори. Се извикува „Нема правда нема мир“. Со извиците „Ружна ви е портата“ демонстрантите се упатија кон Владата на Република Македонија.

    Околу Портата еден провокатор удри девојка. Другите го фатија и пробаа да се пресметаат со него, но организаторите го извлекоа кон Градскиот трговски центар. Таму кусо се расправаа со него и го качија на вториот кат за да го спасат од гневните демонстранти. Рекоа дека ќе го пријаватво полициска станица.

    Граѓаните сами се расправаа со провокаторот што удри девојка Фото.СДК.МК

    Граѓаните сами се расправаа со провокаторот што удри девојка Фото.СДК.МК

    Полициски сили има насекаде во центарот. Тие го чуваат седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и зградата на Министерството за правда и Канцеларијата на претседателот. Речиси цел центар на главниот град е блокиран.

    Протестите почнаа и во Битола и Струмица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира