Никола Додевски, адвокатот на експремиерот Никола Груевски во сите предмети што ги поведе Специјалното обвинителство, на денешното рочиште за насилствата и шамарите во Центар, не е бранител ни на првообвинетиот Груевски, ниту на второобвинетиот Миле Јанакиески, а ни на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
Тие кај судијката Татјана Михајлова пријавија нови бранители.
Со отворање на истрагата „Талир” на СЈО, каде сведок е Додевски, тој е оспорен како бранител на Груевски, Емил Димитриев и на останатите осомничени во овој случај.
Денешното рочиште не ни почна. Предметот од овој судски процес се наоѓал физички во Апелациониот суд Скопје, поради жалбата на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи за паричните казни што им ги изрече Михајлова пред скоро пола година.
Судењето е одложено за 28 септември.
С. К. ДЕЛЕВСКА