Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат ќе има средба лице в лице со рускиот колега Владимир Путин на маргините од самитот на Г-20 што ќе се одржи во Германија на 7 и 8 јули, објави денеска Белата куќа.
„Додека е во Хамбург, претседателот ќе се состане со многу светски лидери”, рече советникот за национална безбедност на Трамп, Х. Р. Мекмастер, споменувајќи го посебно рускиот претседател.