Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи вечерва имала лесна сообраќајка, но не е повредена, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.
Според неофицијални полициски извори, сообраќајката се случила пред неколку часа, пред Судска палата во Скопје. Фетаи била во службеното возило што го возел нејзиниот возач, а била упатена на приемот во Американската амбасада.
МВР ова го води како лесна сообраќајка која како таква не е заведена во службениот билтен.
Веднаш по настанот, Фетаи заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева и колегите од СЈО дојде на приемот во Американската амбасада по повод Денот на независноста на САД – 4 Јули.