Со балони со зелена боја демонстрантите фрлаа по општина Битола на вечерашните протести барајќи оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески и повлекување на аболицијата од Иванов.
Над 300 битолчани се собраа пред општинската зграда, а дел од нив се обидоа да го истуркаат полицискиот кордон и да влезат внатре. Но, безуспешно, вечерва беше најбројно полициското обезбедување и пред општината имаше дури четири реда полицајци.Демонстрантите викаа „оставка“ и „мафија за робија“.
Ова е четврти ден како се протестира пред општина Битола, а најавија дека протестите ќе породолжат и следните денови.