ПРОБИЕНИ РОКОВИТЕ ЗА ПРИТВОРОТ НА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА И ЈАНАКИЕСКИ, САЈТОТ НА СУДОТ ПАДНАТ, РИБАРЕВ НЕДОСТАПЕН

    ПРОБИЕНИ РОКОВИТЕ ЗА ПРИТВОРОТ НА ГРУЕВСКИ, ЈАНКУЛОСКА И ЈАНАКИЕСКИ, САЈТОТ НА СУДОТ ПАДНАТ, РИБАРЕВ НЕДОСТАПЕНЕкспремиерот Никола Груевски пред Основниот суд Скопје 1 за последното рочиште за насилствата и шамарите во Центар на 28 јуни.(Фото: СДК.МК)

    Уште нема одлука за барањата од Специјалното јавно обвинителство да им се одреди мерка притвор на експремиерот Никола Груевски и на останатите четворица негови блиски соработници за злосторничко здружување и повреда на избирачкото право во случајот „Титаник“.

    Веб страната на Врховниот суд, а со тоа и на Основниот суд Скопје 1 е падната веќе два часа, а на претседателот Стојанче Рибарев мобилниот телефон му е исклучен. Оттаму, останува мистерија зошто за повеќето од обвинетите од СЈО за кои се бараа мерки за присуство и за претпазливост кривичниот совет одлучи за околу 24 часа, а за „Титаник“, во кој се бара притвор за Груевски, Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, е пробиен законскиот рок за одлука од 24 часа и зошто нема одлука ни по 58 часа од поднесувањето на обвиненијата против нив.

    Неофицијално, судската достава не можела да ги најде обвинетите. Се додека не им бидат доставени одлуките прво ним, велат за САКАМДАКАЖАМ од Кривичниот суд, јавноста нема да ги дознае прва.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира