Баба која има 20 тетоважи со Жозе Мурињо вели дека е зависна од Специјалниот. 59-годишната Британка Вивијан Бодикот досега има потрошено над 800 фунти за да го прекрие своето тело со ликот на португалскиот тренер на Манчестер Јунајтед.
„Ретко се случува да излезам во град, а да не се вратам со нова тетоважа со Мурињо. Имам 20 само со него. Тој не е само Специјален, туку е единствен. Би умрела само да го видам во живо и со него би го изневерила сопругот. Цената на тетоважите е различна. Имам некои мали за околу 60 фунти, но последната ме чинеше 250 фунти. Вкупно, би рекла дека ме чинеле 800 фунти“, изјави Бодикот за „Мирор“.
Вивијан, која е од гратчето Хинкли, не била на фудбалски натпревар уште од 90-те години на минатиот век, но е опседната со едно од најпознатите фудбалски имиња на денешницата. Таа има четири внуци, а со нејзиниот втор сопруг Тони е заедно 15 години, но вели дека нема ниту да трепне ако ѝ се укаже можност да изневери со Мурињо.
„Нема ден да не побарам слики од Мурињо на интернет. Зависна сум од Жозе Мурињо“, вели Вивијан.