ОХРИД ГО ИСЕЧЕ СТАРИОТ БОР  ВО „ЛЕТНИЦА”

    ОХРИД ГО ИСЕЧЕ СТАРИОТ БОР  ВО „ЛЕТНИЦА”(Фото: СДК.МК)

    Големиот бор стар повеќе децении во култниот ресторан „Летница” во Охрид  утрово го исекоа екипи на „Паркови и зеленило” при „Охридски комуналец”. Под сенката на ова дрво, заедно со уште неколку беше целата тераса на „Летница“ и беше своевиден симбол на центарот на градот.

    На 4 јуни падна една гранка од борот, но никој не беше повреден (Фото: СДК.МК)

    „Паркови и зеленило” не одговара зошто го исекле целото дрво. Пред еден месец од ова дрво падна една голема гранка, но никој не беше повреден. Но охриѓани, кои беа присутни на местот додека се сечеше дрвото, ја осудија сечата и велат дека не веруваат оти тоа е тролку труло за да се сече од корне, а тоа најдобро се гледа и од стеблото.

    Инаку, „Летница” во историјата на градот е позната и како „охридски парламент“ каде се собираа актуелните градски ликови.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира