ВМРО-ДПМНЕ од денеска има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест.
Во најголемата пратеничка група, координатор е Илија Димовски и таму е пратеникот и лидер на партијата Никола Груевски.
На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.
Останува и пријавената бројка од 35 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за дискусија за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, што и со десетте пратенички групи што ги формираше ВМРО-ДПМНЕ, пак останува блокадата на разрешувањето државниот обвинител.
С. К. ДЕЛЕВСКА