СТЕВАНАНЏИЈА, ДА ОБЈАСНИТЕ ОД КОЈА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА СТЕ, РЕАГИРАШЕ ЏАФЕРИ ОТКАКО СЕДМИОТ КООРДИНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ПАУЗА

    СТЕВАНАНЏИЈА, ДА ОБЈАСНИТЕ ОД КОЈА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА СТЕ, РЕАГИРАШЕ ЏАФЕРИ ОТКАКО СЕДМИОТ КООРДИНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ПАУЗАКоординаторот на седмата пратеничка група Димитар Стевананџија и пратеникот Крсте Јовановски. (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на седмата од десетте пратенички групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на денешната седница, која само што започна, побара пауза од еден час. Причините, како што рече координаторот, се поради тоа што на собраниската комисија за образование, која што течеше паралелно на друго место во Собранието, и на која што се разгледува извештајот за работата на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип имало многу заинтересирани и пријавени пратеници од неговата група.

    „Стевананџија, да објасните од која пратеничка група, од која политичка партија, од кој субјект барате пауза, поради јавноста“, праша претседателот на Собранието Талат Џафери.
    „Тоа е седмата пратеничка група“, одговори Стевананџија.
    „Да објасните кој политички субјект сте и чиј координатор сте. Не може да барате пауза ако не се знае чиј координатор сте“, повторно праша Џафери, за на крајот да даде пауза и да искоментира: „Добро, еден час пауза, но не сте во право“.

    Пратеничката група на Стевананџија, како и останатите осум бројат по пет пратеници, освен првата која што има шест и координатор е Илија Димовски.
    На барањето на Стевананџија, бурно реагираше парламентарното мнозинство, коментирајќи дека не е фер да се блокира апла и на овој начин работата на Собранието, особено што на дневен ред е разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски. Ова се случува на четвртата точка од дневниот ред за давање согласност за самостојно вработување и за поголема финансиска самостојност на Народниот правобранител, по која што следува точката за разрешување за Зврлевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира